На 05.03.2021 година со почеток од 11.00 часот Бизнис Центарот при Центар за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Фонд за иновации и технолошки развој за компаниите од Југоисточниот регион одржаа онлајн презентација наменета за активниот повик за Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст


Голем беше интересот на компаниите од Југоисточниот плански регион за информирање за овој инструмент за поддршка. Над 70 компании беа онлајн приклучени кои по извршената презентација за условите за аплицирање поставуваа прашања кои беа директно одговорени од страна на претставниците на Фондот и Центарот за развој на ЈИПР.

 За време на презентацијата беа разјаснети условите и начинот за аплицирање, целта на поддршката на овој повик, какви трошоци можат да се финансираат, одговорната комисија која ги прегледува и оценува проектите, времетраењето на проектот и слично.


⏳ Компаниите можат да аплицираат на овој јавен повик електронски заклучно до 06.04.2021 година.


Целата документација заедно со правила за пријавување се достапни на следниот линк: https://fitr.mk/zabrzan-ekonomski-rast/


 Прашања околу аплицирањето можат да се поставуваат директно до Фондот на следниот мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Исто така сите заинтересирани компании кои сакаат да аплицираат на овој повик имаат можност да се пријават во Центарот за развој на ЈИПР за да искористат БЕСПЛАТНА менторска поддршка со пополнување на апликација која е достапна на овој линк : https://docs.google.com/.../1FAIpQLScKLYcqxeI5.../viewform


 Поддршката која ја нуди Бизнис центарот при Центар за развој на Југоисточниот плански регион за компаниите од Југоисточниот регион е финансирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка преку Ваучерска програма за градење на капацитетите на мали и средни претпријатија.