Владата на Република Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст", поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.
Владата на Република Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст", поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.
Првите два столба од Планот, се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, усвоен од Собранието на Република Македонија во мај 2018 година, додека мерките од третиот столб се спроведуваат преку имплементација на Среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, со што се овозможува практична реализација на мерките од Планот за економски раст.
Во продолжение можете да ја преземете презентацијата во која се прикажани сите мерки од Планот за економски раст, на македонски и англиски јазик, Законот за финансиска поддршка на инвестициите на македонски и албански јазик, Правилниците за доделување и исплата на финансиска поддршка, како и среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој.
1. Презентација на мерките од Планот за економски раст на македонски јазик
2. Презентација на мерките од Планот за економски раст на англиски јазик;
3. Закон за финансиска поддршка на инвестициите на македонски jaзик;
4. Закон за финансиска поддршка на инвестициите на албански jaзик
Постапка за ДОДЕЛУВАЊЕ на финансиска поддршка
Надлежни органи за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка се:
- ДТИРЗ - Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (За инвестициски проекти во технолошко индустриски развојни зони) и
- АСИПИ - Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (За инвестициски проекти надвор од технолошко индустриски развојни зони).
Постапките се објаснети во правилниците во продолжение:
5. Правилник за доделување на финансиска поддршка
6. Правилник за исплата на финансиска поддршка
7. Барање за доделување финансиска поддршка АСИПИ
8. Барање за доделување финансиска поддршка ДТИРЗ
Деловните субјекти кои имаат реализирани инвестициски трошоци во 2017, потребно е Барањата за доделување на финансиската поддршка да ги достават најдоцна до 30 јуни 2018 година. За сите комплетирани барања деловните субјекти ќе склучат договори за финансиска поддршка до 31 јули 2018 година.
За отпочнати инвестиции во 2018 година, Барањата за доделување на финансиската поддршка можат да се доставуваат во текот на целата 2018 година, додека Барањата за исплата на финансиската поддршка да се достават најдоцна до 30 јуни 2019 година.
Постапка за ИСПЛАТА на финансиска поддршка
Корисникот на финансиската поддршка кој склучил договор за финансиска поддршка и ги исполнил условите согласно Законот, доставува Барање за исплата на финансиската поддршка со потребната документација до надлежните органи ДТИРЗ или АСИПИ.
Надлежните органи за исплата (ДТИРЗ и АСИПИ) го разгледуваат Барањето за исплата на финансиската поддршка и откако ќе утврдат дека се исполнети условите за користење на финансиска поддршка предвидени во овој закон, ќе извршат исплата на износот кој му следува на корисникот не подоцна од 60 дена од денот на поднесување на комплетно барање за исплата.
11. Барање за исплата на финансиска поддршка
За проверка на исполнување на условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции како и проверка на износот на очекувана државна помош на реализирани или идни планирани инвестиции, може да се користи Калкулаторот на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност.
12. Калкулатор на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност