ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап" и „спин-оф"

 

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап" и „спин-оф"

Врз основа на член 25 од Закон за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија" бр. 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018), Правилникот за управување на инструментите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и Правилникот за ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап" и „спин-оф", Фондот за иновации и технолошки развој на 22.10.2018 година објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап" и „спин-оф".

Прифатливи активности за финансирање се:

Активности за истражување и развој
Развој на пилот линии
Активности за тестирање
Услуги поврзани во интелектуална сопственост
Дизајн

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.12.2018 година, до 23:59 часот.

Повеќе информации на следниот линк: http://www.fitr.mk/startapuvaj/#toggle-id-9