DSC 0690-minБизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 05.03.2017 година во општина Дојран успешно ја заврши реализацијата на проектот "Камп за млади иноватори и претприемачи".

 

 

 

DSC 0690-min Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 05.03.2017 година во општина Дојран успешно ја заврши реализацијата на проектот "Камп за млади иноватори и претприемачи". Општа цел на проектот беше развивање на човечките ресурси, надоградување на знаењата на теми од сферата на претприемништво и поттикнување на иновативниот потенцијал преку обучување на млади лица од Југоисточниот плански регион.
Целна група на проектот беа млади претприемачи, невработени лица, студенти и средношколци.
Со проектот се постигна следниот резултат : Обучени 15 млади луѓе од Југоисточниот плански регион и поттикнување на нивната свест за активирање во едно претприемачко опкружување.DSC 0689-min
На кампот секој ден се одржуваа обуки на теми од сферата на претприемништво, маркетинг и менаџмент, истражување на пазар, иновации, ресурси и финансиски план итн. Покрај тоа, беа одржани обуки за личен развој преку кои учесниците научија вештини за самоконтрола и самодоверба. Согласно актуелните трендови за личен развој на личноста, покрај интелектуалните вежби, на обуката беше предвидена и физичка активност за учесниците- часови по јога одржани од искусен инструктор. Крајниот ден беше организиран натпревар за најдобра бизнис идеја, учесниците беа поделени во тимови, ги презентираа своите идеи и добија Сертификат за учество на кампот.
17101915 10154429174242219 798793639 nПокрај организаторите од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и спроведувачите на поголем дел од обуките од Knowledge Center, на кампот учество зедоа експерти од повеќе области како: Катерина Ангеловска - Тренер за личен развој, Верица Јорданова - Иновативност.мк, Петар Лазаров - МАМА'С, и Зоран Витанов – Lyoness Македонија.
Кампот траеше од 1-5 Март во општина Дојран на кој учествуваа 15 млади луѓе на возраст од 18-29 години од Југоисточниот плански регион. Учесниците имаа можност да бидат дел од едно креативно и претприемачко патување кое им остави долготраен белег и поттик за реализирање на својата бизнис идеја.17140962 10154429168537219 1092937333 n
Обуките од сферата на претприемништво, иновативност и личен развој се од голема важност за бизнис секторот од Југосточниот регион и за таа цел Бизнис Центарот ќе продолжи со имплементација на идни активности од таков тип.
Кампот за млади иноватори и претприемачи беше спроведен од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Knowledge Center и Министерството за локална самоуправа како финансиски поддржувач.