На 19 Октомври 2016 година во х. Сириус, Струмица, во соработка со Министерството за финансии - Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) и Светка банка се организираше работилница на тема "Јавни набавки согласно правилата на Светска банка".

На работилницата зедоа учество претставници од бизнис секоторот и општините од Југоистчниот регион, пред кои претставниците од Светска банка ги презентираа правилата за набавка како и можностите за учество во набавките.
Главна цел на работилницата беше подетално да се запознае бизнис секоторот во Југоисточниот плански регион со правилата и процедурите за набавка на Светска банка, подготовка на понуди и најчести причини за нивно одбивање, општи пост-квалификациски критериуми за градежни работи и добра, процедура на жалба и слично.
По завшувањето на главната презентација, учесниците на работилницата имаа можност да дискутираат со претставниците од Светска банка и да ги споделат своите искуства во врска со темата.
Работилницата во голема мерка ќе им помогне на бизнис секторот и општините, бидејќи истите имаа можност да се запознаат со доста правила и постапки на Светска банка кои ќе им бидат во корист во методот за набавка.