На 23 Септември 2016 година во хотел Сириус, Струмица се одржа Завршниот настан на Бизнис Центарот за промоција на проектните резултати во рамките на проектот "Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија" и „Прoдoлжување на рабoтата на Бизнис Центарoт за пoддршка и кoнсултативни услуги за мали и средни претпријатија вo Југoистoчниoт плански региoн".
На 23 Септември 2016 година во хотел Сириус, Струмица се одржа Завршниот настан на Бизнис Центарот за промоција на проектните резултати во рамките на проектот "Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија" и „Прoдoлжување на рабoтата на Бизнис Центарoт за пoддршка и кoнсултативни услуги за мали и средни претпријатија вo Југoистoчниoт плански региoн".
Настанот беше отворен од Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова, Г-н Иван Франгов, Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-н Љупчо Пренџов, Заменик Министер за локална самоуправа и Г-н Илмиасан Даути, Проектен менаџер и експерт за локална самоуправа во УНДП кои што имаа воведен говор.
Проектните разултати беа презентирани пред 70 (седумдесет) претставници од бизнис заедницата, претставници од општините и невладините организации од регионот, претставници од УНДП и Министерството за Локална самоуправа како и регионалните медиуми.
Во изминатиот период Бизнис Центарот при ЦРЈИПР организираше голем број настани креирани врз основа на потребите и барањата на бизнис секторот во регионот. На тој начин Бизнис Центарот полека, но сигурно, успева да го поттикне развојот на претприемачкиот дух на претставниците на бизнис заедницата.
Бизнис Центарот со голема поддршка од УНДП и Министерството за Локална самоуправа имаше чест на Завршниот настан со гордост да ги презентира сработените продукти во рамките на проектот кои ќе бидат многу корисни за развој на приватниот сектор во регионот како :
E водич на инвеститори во ЈУПР;
Регионална Програма за развој и поддршка на приватен сектор во координација со другите ентитети во регионот 2016-2020 и предлог акционен план 2016;
Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој на ЈИПР 2015- 2019;
Регионална стратегија за премостување на просторот помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребата на бизнис заедницата;
Поддршка на бизнис заедницата преку Информативни, советодавни настани и обуки за приватниот сектор,
Брошура;
Проектни апликации за потребите на ЦРЈИПР;
Веб портал www.investinseregion.mk;
Регионалниот Бизнис Центар кој беше формиран пред две години во рамки на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион" со цел зголемување на конкурентноста во Југоистокот преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото продолжува со реализација на идни иновативни проекти кои ќе бидат од голема вредност за Југоисточниот плански регион.