147141643990261На 15ти Мај (петок) во Хотел Тиверопол, Струмица, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, преку Регионалниот Бизнис Центар, го организираше и оддржа петтиот информативен настан, кој беше наменет за претпријатијата од овој плански регион.

147141643990261 На 15ти Мај (петок) во Хотел Тиверопол, Струмица, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, преку Регионалниот Бизнис Центар, го организираше и оддржа петтиот информативен настан, кој беше наменет за претпријатијата од овој плански регион. Целта на овој настан беше бизнис заедницата да се собере на едно место со интенција за нивно вмрежување, поврзување со институциите, обезбедување поддршка и давање на специфични услуги за подобрување на нивните капацитети, со што ќе се постигне и зголемување на конкурентноста на Југоисточниот плански регион.
Како посебен настан од серијата на информативни настани, темата на овој беше "Извори на финансирање на приватен сектор", каде беа опфатени :


• ИПАРД програма за поддршка на руралниот развој за 2015;
• Презентација на финансиски програми на Македонската Банка за поддршка на развојот;
• Презентација на кредитни линии од Македонски комерцијални банки;
• Презентација на консултантска поддршка од ЕБОР ( Европска банка за обнова и развој);
Како експерти на овој настан, кои ги презентираа опфатените програми за поддршка на МСП, беа експерт од МБПР, експерт од ЕБОР, експерт од НЛБ Тутунска Банка АД Скопје како и експерт за ИПАРД програмата. На настанот во најголем број присуствуваа претставници од бизнис секторот и претприемачи, но и претставници од невладин сектор, локални и регионални медиуми, стопански комори, невработени и општинска администрација.