На 17 Април, во Гевгелија , во Хотел Аполонија се одржа вториот информативен настан на Регионалниот Бизнис Центар, формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото.
На 17 Април, во Гевгелија , во Хотел Аполонија се одржа вториот информативен настан на Регионалниот Бизнис Центар, формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото. Овој настан е вториот од серијата на информативни настани, кои ќе ги спроведе Регионалниот Бизнис Центар, на територија на Југоисточниот плански регион.
На истиот имаше претставници од бизнис секторот (микро, мали и средни претпријатија), претприемачи, локални власти, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, регионални стопански комори, потенцијални инвеститорикако и претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП.
На овој настан, вработените од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги презентираа изготвените документи за поддршка на бизнис секторот и претприемништвото како:
• Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019;
• Стратегијата за МСП во Југоисточниот плански регион;
• Водичот за инвестирање во Југоисточниот плански регион;
Покрај нив, учество земаа и експерт од Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија кој ги презентираше Програмата на мерки и активности за промоција на претприемништвото и создавање конкурентност на малото стопанство во Република Македонија и експерт од Агенцијата за вработување на Република Македонија кој ги презентираше Програмите за самовработување и сите други бенефиции кои ги нуди агенцијата.