На 03 Април, во Струмица, во Хотел Есперанто се одржа првиот информативен настан на Регионалниот Бизнис Центар, формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото.
На 03 Април, во Струмица, во Хотел Есперанто се одржа првиот информативен настан на Регионалниот Бизнис Центар, формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото.Ова е првиот од серијата на информативни и советодавни настани, кои ќе ги спроведе Регионалниот Бизнис Центар, на територија на Југоисточниот плански регион, а на истиот имаше претставници од бизнис секторот (микро, мали и средни претпријатија), претприемачи, локални власти, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, регионални стопански комори и потенцијални инвеститори. Покрај нив на информативната средба имаше претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП како и од Министерството за Локална Самоуправа.
На овој настан, вработените од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги презентираа изготвените документи за поддршка на бизнис секторот и претприемништвото како:
• Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019
• Стратегијата за МСП во Југоисточниот плански регион;
• Водичот за инвестирање во Југоисточниот плански регион;
На информативниот настан, учество земаа и експерти од Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија кои ги презентираа Програмата на мерки и активности за промоција на претприемништвото и создавање конкурентност на малото стопанство во Република Македонија и експерт од Агенцијата за вработување на Република Македонија кој ги презентираше Програмите за самовработување и сите други бенефиции кои ги нуди агенцијата.