На 19 Ноември, во Струмица, во Дом на АРМ се одржа првата информативна средба организирана од Регионалниот Бизнис Центар, формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото.

Ова е првиот од серијата на информативни средби, кои се дел од проектот "Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на актвности/услуги за поддршка на приватниот сектор", а ги спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. На средбата имаше претставници од бизнис секторот (микро, мали и средни претпријатија), локални власти и здруженија на граѓани и фондации.
Тема на овој настан беа Европските програми и фондови за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој, а од страна на експертите беа опфатени следните сегменти:
• Запознавање со ЕУ програмите за мали и средни претпријатија;
• Horizon 2020 – ЕУ програмска рамка за истражување и иновација- инструмент за поддршка на МСП;
• Косме – Програма на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија;
• Пристап до финансии за МСП – можности од ЕБРД ( Европска банка за обнова и развој);
Како предавачи на настанот кои ги опфатија следните теми, се јавија експерти од Европската банка за обнова и развој и две консултантски агенции кои работат во оваа област.
Во рамките на овој проект е планирано да има уште три такви информативни средби.