На 27.05.2016 година во х. Солун, Скопје беше потпишан Договорот помеѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерството за Локална Самоуправа за „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор".

Овој договор е финансиска подршка на регионалниот бизнис - центар во рамки на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во функција на зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемаштвото.
Во текот на следните дванаесет месеци Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на ЈИПР ќе спрoведе повеќе активности меѓу кои подготовка на Регионална Стратегија за иновации со Акционен план, имплементација на пилот проект од Стратегијата, одржување на повеќе информативни и советодавни настани, подготовка на месечен е-Билтен за поддршка на МСП и друго.
Спроведувањето на овој Договор, како и продолжувањето на работата на Бизнис Центарот е со финансиска поддршка на ГИЗ и МЛС.