Датум и Време: 2021-06-20 23:56

Локација: Центар за развој на Југоисточен плански регион, Булевар Маршал Тито бр. 1-1, Струмица
Дати: 04.03, 05.03, 06.03, 09.03 и 10.03.2020
Време: од 10:00ч до 16:00ч


ПСМ Фондација, објавува повик за 5 дневна тренинг програма за почнување на (социјален) бизнис, во рамките на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, имплементиран ПСМ Фондација, а финансиран од Амбасадата на САД. Сите заинтересирани млади лица, од Источниот и Југоисточниот регион, на возраст од 18 до 30 години, може да се пријават за бесплатно учество на курсот за започнување (социјален) бизнис, кој ќе се одржи во Струмица и ќе ги опфати следните модули:


- подготовка на бизнис план
- пристап до финансии
- правни регулации
- маркетинг и продажба
- социјално претприемништво

За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: 02 3108 891 и 02 3103 660.