Василево

Општината Василево е во финална фаза од изработката на локално урбанистичко планска документација за катастарските парцели 1160 и 1162 во населеното место Владевци наменети за изградба на хотелски комплекси. Вкупната површина на оваа локација е 30.000 м2 и таа се наоѓа во непосредна близина на населеното место Владевци. Инфраструктурата на оваа локација е планирано да се решава комбинирано, и тоа снабдувањето со вода преку довод од селската водоводна мрежа на Владевци, како и од сопствен артески бунар во рамките на градежната парцела. Изградбата на бунарите ќе се изврши врз основа на хидрогеолошки истражни работи со кои ќе се утврди капацитетот и квалитетот на подземните води. Фекалните отпадни води ќе се одведуваат во попивателни бунари во рамките на градежната парцела.

Потенцијалните инвеститори ќе можат да добијат подетални информации во општина Василево по завршување на процесот на изработка на урбанистичката документација.

Слики од индустриска зона Владевци

   

Површина 654.600 м2
Процент на изграденост 20%.
Сопственост 20% државна, 80% приватна
Локација(оддалеченост од центарот на општината) 500 м.
Инфраструктурата во зоната пристапни патишта, трафостаница, осветлување, водовод и канализациска мрежа
Претпријатија што работат во зоната „Тритерол“ (бензинска пумпа со ресторан), „Евромак“ (откуп на земјоделски производи, ладилник за прехранбени производи), „МТ промет“ (магацински простор за складирање на земјоделски производи)

 

Број на градежна парцела

Површина на земјиште

Површина за градба во основа (м2)

Макс. висина на градба (м)

Почетна цена на земјиштето (ден./м2)

Надоместок за уредување на градежно земјиште – цена (ден./м2)

Намена

КП 386 ГП 1.1

10.955 5.433

Со АУП

 61

 240

 Г2, Г3, Г4

КП 386 ГП 1.2

16.649 8.324

Со АУП

61

240

Г2, Г3, Г5

КП 386 ГП 1.3 15.839 7.919 Со АУП 61 240 Г2, Г3, Г6

 

Локација на Индустриската зона „ГРАДАШОРЦИ“

 

Слики од индустриската зона „ГРАДАШОРЦИ“