ДЕН 1: 29.04.2020 година
МЕРКА 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства
МЕРКА 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
ДЕН 2: - 30.04.2020 година
МЕРКА 7 Диверзифкација на фармите и развој на бизниси
Времетраење: 10.00-12.00 часот
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ финансиран од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа организира онлајн обука за можностите за кофинансирање преку ИПАРД 2 Програмата за следните мерки:
- МЕРКА 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства,
- МЕРКА 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
- МЕРКА 7 Диверзифкација на фармите и развој на бизниси
Обуката ќе се одржи онлајн преку платформата Google meet за која ќе добиете линк за да се приклучите на платформата и непречено да ја следите обуката.
Учесниците ќе стекнат знаење за:
- Начин на функционирање на ИПАРД
- Предуслови за аплицирање
- Потребни документи за аплицирање на мерките 1, 3 и 7
- Практични примери
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
За да учествувате на онлајн обуката треба да се пријавите преку пополнување на формуларот на овој линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeVJ3xl7WPUSYLXxIf8Sw4i3uEMkY2E685InWOgqWmDfbemMg/viewform?vc=0&c=0&w=1
За учество на онлајн обуката ќе ви биде потребен компјутер со камера и микрофон, интернет конекција и просторија каде ќе можете непречено да следите и учествуваате.
ДЕН 1:
Датум 29.04.2020 година
Времетраење: 10.00-13.00 часот
Начин на изведба: преку вклучување на Google meet platforme
ТЕМИ:
Запознавање со ИПАРД Програмата, можности и постапки, презентација и практични примери за аплицирање на следните мерки:
МЕРКА 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства
МЕРКА 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
ДЕН 2:
Датум 30.04.2020 година
Времетраење: 10.00-12.00 часот
Начин на изведба: преку вклучување на Google meet platforme
ТЕМА:
Запознавање со ИПАРД Програмата, можности и постапки, презентација и практични примери за аплицирање на следната мерка:
МЕРКА 7 Диверзифкација на фармите и развој на бизниси
Обучувач: Влатко Стојановски, ИПАРД консултант
За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 071/221-132 или на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.