Датум и Време: 2022-07-01 11:22

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, со задоволство Ве поканува на инфо сесија на која ќе се презентираат условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови.

Целта на поддршката е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.

 

Преку овој инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува:

– до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно

– до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.

Преостанатиот износ од 10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проект треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Инфо сесијата ќе се одржи на 05.07.2022 год. во 10:00 часот, на апликацијата ЗООМ на:

https://us06web.zoom.us/j/86766530963?pwd=bVQ0Q0dibks3MUtudlpzT0RsdFZMZz09

MeetingID:86766530963
Passcode: 406999

Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк: https://fitr.mk/startapuvaj4/