Датум и Време: 2022-10-18 06:56
 
Бизнис Центарот при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, со задоволство Ве поканува на инфо сесија на која ќе се презентираат условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови за комерцијализација на иновации.
 
Целта на повикот е да се поддржат компаниите кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза.
 
Фондот обезбедува финансирање до:
 
- до 70% од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2 милиони евра;
- до 60% од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2 милиони евра, а помал од 10 милиони евра.
 
?Инфо сесијата ќе се одржи на 20.10.2022 година (Четврток) во 10:00 часот, на апликацијата ЗООМ на:
Meeting ID: 862 2136 8522
Passcode: 061151
 
Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк: