ЈАВЕН ПОВИК БР.1 за поднесување на апликации за директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд
Наслов на оглас: ЈАВЕН ПОВИК БР.1 за поднесување на апликации за директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд
Намена на кредитот:
За обртни средства вклучително и за подобрување на ликвидноста на компаниите.
Износ на кредитот:
Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 1.845.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.000 денари и тоа:
• на компании до 10 вработени, може да им се одобри кредит до 307.500 денари;
• на компании со 11 до 50 вработени, може да им се одобри кредит до 922.500 денари;
• на компании со 51 до 250 вработени, може да им се одобри кредит до 1.845.000 денари.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КОИ САКААТ ДА АПЛИЦИРААТ, ПОВЕЛЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://www.mbdp.com.mk/mk/kreditiranje/msp#trajni-obrtni-s-va
Дознај повеќе: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/596-1-2