Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД 19, наменета за микро, мали и средни компании од Северна Македонија со потенцијал за успешно работење.
Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000,00 (три милиони) денари по апликант и тоа:
- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 750.000,00 (седумстотини и педесет илјади) денари,
- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини илјади) денари и
- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 3.000.000,00 (три милиони) денари.
Краен рок за аплицирање е 29.06.2020 година.
Повеќе информации на следниот линк.