Почитувани,

Јавниот повик за поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија за директна поддршка на микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија односно КОВИД 3 повикот, ќе биде објавен на 16.12.2020 година, аплицирањето започнува од 00:01 часот.

Критериумот за распределба на средствата е по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН” за кредитокорисници кои ги исполнуваат критериумите за одобрување на кредит.

Јавниот повик е објавен на следниов линк: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/687-1-7.

За дополнителни информации обратете се кај Данче Поп-Иванова Илиева, тел. 071/364-934, е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., контакт лице од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

Претседател на Совет за развој на ЈИПР

Г-н Коста Јаневски