Министерството за економија на ден 16.04.2021 година објави ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Северна Македонија за 2021 година
Право на учество имаат претпријатија кои се занимаваат со производство и услужна дејност.
Предмет на Јавниот повик е надоместување на дел од трошоците од страна на Министерството за економија, за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти, во согласност со Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година, дел II, област Г - „Општествена одговорност “мерка 1 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 15/2021 година), во износ од 1.000.000,00 денари.
Краен рок за аплицирање е 01.07.2021 година.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да прочитате на: https://economy.gov.mk/doc/2960