Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија преку проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, а согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г. овозможува реализирање на неколку мерки наменети за ранлива категорија на лица.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија го спроведува ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од ИПА средства согласно Договор за грант.

Во рамки на проектот, а согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г. се реализираат неколку мерки наменети за ранлива категорија на лица.

 

 За таа цел Агенцијата објави Јавни повици за невработени лица и правни субјекти, кои се заинтересирани да учествуваат во мерката.


Ве информираме дека огласите се се' уште отворени, а се однесуваат на следните активни мерки:


- 2.1. Субвенционирање на плати


- 3.1. Обука за познат работодавач


за активирање и вклучување на невработени лица - корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) на пазарот на трудот.


За повеќе информации погледнете на: https://www.av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx


⏳Огласите наменети за правни лица ќе бидат отворени до исполнување на предвидениот опфат на ГМП корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за овие две мерки.