Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма, објавува повик за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино

 

Финансиската поддршка согласно оваа програма се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино.

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството), кои се регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно и кои:

- од 1 јануари 2020 година се впишани во Регистарот на производители на вино и

- се впишани во Регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е правно лице) или

- се впишани во Евиденцијата на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е физичко лице).


⏰Крајниот рок на доставување на барањата за финансирање е најдоцна до 30 април 2022 година.


За подетални информации на следниот линк?http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1...