Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г. усвоен од Владата на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за социјални провајдери на услуги и евидентирани невработени физички лица за вклучување во бесплатни обуки

Целта на мерката е да обезбеди поддршка за создавање на нови работни места преку отворање на нови деловни субјекти (идни даватели на услуги) кои ќе обезбедуваат услуги на грижа во заедницата. Учесниците во мерката ќе имаат можност да посетуваат Обуки за асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза, асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица.


За повеќе информации може да се обратите во работните клубови на 30-те Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ и на официјалната веб страна на АВРСМ - http://www.av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx