Развојна Банка во Р.С.Македонија објавува повик за аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија.
Средствата од кои ќе се реализира Бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза се обезбедени во износ од 310.000.000 денари.
Повикот завршува на 26. мај 2022 година во 09:00 часот.
Сите информации и обрасци поврзани со јавниот повик, може да се најдат на веб страната на банката www.mbdp.com.mk.