Фондот за иновации и технолошки развој на ден 09.06.2022 година, објавува Јавен конкурс за поднесување на предлог – проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“
ЦЕЛ: Да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој.
РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 08.08.2022 год., до 14.00 часот.
Сите потребни информации во врска со аплицирање и правила за учество се достапни на страницата на ФИТР: https://fitr.mk/startapuvaj4/