Фондот за иновации и технолошки развој на ден 10.05.2022 година, објавува Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
ЦЕЛ: Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст, кои ги исполнуваат условите од Правилникот за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
Вкупен буџет на повик:
За финансирање проекти под овој конкурс за овој Инструмент обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000.00 (шест милиони) евра во денарска противвредност.
РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 15.06.2022, до 16.00 часот.
Сите потребни информации во врска со аплицирање и правила за учество се достапни на страницата на ФИТР: https://fitr.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b1%d1%80%d0%b7%d0%b0%d0%bd-%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82-2/