Document:

Во недостаток на сопствени простории како и недостаток на простории кај новосоздадените компании, микро и мали претпријатија, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион презеде иницијатива за основање на заеднички работен простор. Во соработка со ШВАЈЦАРСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ И СОРАБОТКА и со Министерството за Локална Самоуправа на Република Северна Македонија имплементираа проект за воспоставување на Заеднички работен простор. Главни Цели на проектот се Подобрување на претприемачкиот амбиент за промовирање на МСП во ЈИПР и Зајакнување на односите со бизнис секторот. Носител на проектот е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со општините од Југоисточниот плански регион

Дознајте повеќе за проектот