Економскиот развој е еден од најважните приоритети на секој регион. Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на повеќе проекти подготвува Програми, Стратегии со акциски планови, Анализи и Водичи каде што јасно се утврдени приоритети коишто треба да се развијат за одреден временски период со цел да се постигне подобрување на претприемничкото опкружување и искористување на постоечките капацитети.