Центарот за развој на ЈИПР и Министерството за локална самоуправа на 22 јули 2015 година потпишаа договор за продолжување на функциите на Бизнис центарот во Југоисточниот плански регион.
Центарот за развој на ЈИПР и Министерството за локална самоуправа на 22 јули 2015 година потпишаа договор за продолжување на функциите на Бизнис центарот во Југоисточниот плански регион. Бизнис центарот врз основа на Програмите за поддршка на приватниот сектор, ќе понуди Е – водич за инвеститори, Мапа на индустриски зони во планскиот регион, интерактивен ВЕБ портал на кој што ќе може да се најдат сите важни информации за потенцијалите на Југоисточниот планскиот регион, можностите за инвестирање, условите што ги нудат индустриските зони, сите субјекти кои што можат да им бидат логистика на инвеститорите како и потенцијални партнери како што се стопанските комори, универзитетите и граѓанскиот сектор.
Бизнис центарот функционира во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и е воспоставен како резултат на потребата од институционална поддршка на потенцијалните инвеститори во рамките на нашиот плански регион.