DSC 1384 - Copy Во рамките на проектот "Продолжување на работата на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион", кој што го спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, беа спроведени сет на обуки за малите и средни претпријатија од Југоисточниот плански регион како и обука за претставници од општинските администрации.


DSC 1384 - CopyВо рамките на проектот "Продолжување на работата на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион", кој што го спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, беа спроведени сет на обуки за малите и средни претпријатија од Југоисточниот плански регион како и обука за претставници од општинските администрации. На 20.11.2015 година, во Хотел Нар, Гевгелија се одржа обука за "Јавни набавки" каде целна група беа микро, мали и средни претпријатија од регионот. Темата на оваа обука беше нотирана како приоритетна и од голема важност за претпријатијата, со цел искористување на бенефитите и потенцијалите кои произлегуваат од работата со јавни набавки, а би придонеле за зголемување на нивната конкуренотст .

 

 

DSC 1370 - CopyНа обуката, консултантот за јавни набавки Дарко Јаневски ги опфати следните сегменти од јавните набавки:
-Процесот на спроведување на јавни набавки и основните поими кои се среќаваат во целиот тој процес;
-Барање на огласи за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки;-Елементи на тендерска документација, инструкции за понудувачи и придружна документацијa;
-Начин на поднесување на понуда и демонстрација на учество на е-аукција;
-Препораки за поуспешен настап на компаниите кои се заинтересирани да се занимаваат со јавните набавки;
Настанот беше посетен од претставници од бизнис секторот, општински администрации, граѓански здруженија и фондации.

На 25.11.2015 година, истата обука, каде како тема повторно беа "Јавни набавки" се одржа во Хотел Есперанто, Струмица. На оваа обука како експерт беше консултантот за јавни набавки Виолета Шаклева, а настанот беше посетен од претставници од бизнис секторот, локалните власти, студенти и потенцијални претприемачи.

На 24.11.2015, како дел од истиот проект се организираше и се одржа обука во Хотел Романтик, Стар Дојран на тема "Закон за градежно земјиште и закон за просторно и урбанистичко планирање". Настанот беше наменет за претставници од општините, односно за вработени во нивните одделенија за урбанизам. На обуката имаше претставници од сите 10 општини од Југоисточниот плански регион, како и претставници од сите општини од Вардарскиот плански регион.