Третиот информативен настан, од серијата настани во организација на Регионалниот бизнис центар, во рамките на Центарот на развој на Југоисточниот плански регион, се оддржа на 24 Април, во Струмица, Хотел Есперанто.
Третиот информативен настан, од серијата настани во организација на Регионалниот бизнис центар, во рамките на Центарот на развој на Југоисточниот плански регион, се оддржа на 24 Април, во Струмица, Хотел Есперанто. Тема на овој настан беа Европските програми и фондови, каде од страна на предавачот беа опфатени следните сегменти:
• Запознавање со националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој и финансирање од ЕУ фондовите 2014-2020;
• ЕУ стандарди за заеднички настап на едиствениот европски пазар;
• Можности за изнаоѓање на партнери од други региони и во прекуграничен и меѓународен контекст;
Како учесници на овој настан беа претставници од бизнис секторот, претприемачи, невладин сектор,стопански комори, невработени и општинска администрација.