147141643990261jНа 01.12.2014 година во хотел Сириус во Струмица се одржа Промотивен настан за формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион.

147141643990261j На 01.12.2014 година во хотел Сириус во Струмица се одржа Промотивен настан за формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион.Формирањето на Бизнис Центарот е финансиски и технички помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
Промотивниот настан со свое воведно обраќање го отворија раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова, Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и градоначалник на општина Василево Г-н Ванчо Стојанов, градоначалникот на општина Струмица, Г-н Зоран Заев, Г-а Андријана Стојановска, државен советник за регионален развој при Министерството за локална самоуправа и Г-а Луиза Винтон, Постојан координатор на Обединетите нации и Постојан преставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Целта на овој настан беше да се промовира формирањето на Бизнис Центарот и да се запознаат присутните и јавноста за целите и активностите на Бизнис Центарот.
147141643990261уПокрај отварање на Бизнис Центар овој проект предвидува и подготовка на Стратегија за комуникации, развој и надградување на веб страница малите и средни претпријатија во секое време ќе можат да добијат информации за можностите за финансирање, за јавните повици на фондовите од Европска Унија и други донации како и информации за промените и можностите кои постојат на регионално, национално и глобално ниво. Ќе се овозможи и пристап до релевантни информации за економските и географските карактеристики на регионот, актуелните закони и други прописи.Сето ова ќе придонесе за подобар развој на малите и средни претпријатија, со тоа развој на Југоисточниот регион и подобри услови за живот на сите граѓани во него.