На 21 декември 2016 година во х.Сириус во Струмица беше организиран промотивен настан за презентација на ИПАРД 2 Програмата 2014-2020 насловена како "Европски можности за македонското земјоделство".
На 21 декември 2016 година во х.Сириус во Струмица беше организиран промотивен настан за презентација на ИПАРД 2 Програмата 2014-2020 насловена како "Европски можности за македонското земјоделство".Целта на настанот беше да се информираат целните групи и пошироката јавност во врска со помошта обезбедена во рамките на ЕУ инструментот за претпристапна помош за рурален развој за 2014-2020 година. Присутните на настанот имаа можност да добијат подетални информации за две мерки од оваа Програма и информации за тоа кој може да аплицира, како и каде да се поднесат апликациите, за висината на финансиската поддршка, критериумите за прифатливост и други корисни информации. На настанот, на кој учествуваа околу 40 заинтересирани, потенцијални апликанти, претставници на Земјоделски задруги, Здруженија и други заинтересирани страни презентации одржаа претставници од ИПАРД Секторот, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во рамките на овој настан беа презентирани следните теми:
1. Инвестиции во материјалните средства на земјоделските стопанства;
2. Диверзификација на фармите и развој на бизниси;
3. Гарантен фонд и субвенционирање на каматни стапки за ИПАРД;
4. Презентација на потребни документи за поднесување на барања за ИПАРД средства.
По презентацијата на овие теми, присутните имаа можност да дискутираат со презентерите и да разменат искуства во врска со ИПАРД Програмата.
Промотивниот настан беше организиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Секторот ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка и поттикнување на руралниот развој, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа.