bootcamp golemaЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Knowledge Center организираат Буткамп за Иновации за млади иноватори и претприемачи кој ќе се одржи од 01.03.2017 – 05.03.2017 година во Дојран.

 bootcamp golemaЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Knowledge Center организираат Буткамп за Иновации за млади иноватори и претприемачи кој ќе се одржи од 01.03.2017 – 05.03.2017 година во Дојран.

Главна цел на кампот е да ги научи младите луѓе од Југоисточниот регион како да создадат вредности, како да развијат свој сопствен бизнис и како да ги зајакнат своите капацитети за иновации и претприемништво.

Што ќе научиш?

За 5 дена ќе научиш повеќе за бизнисот од било кој друг образовен програм. Ќе учиш од добри ментори и успешни претприемачи (ќе научиш и од нивните неуспеси исто така). Ќе добиеш добар совет и мислење како да го развиеш својот бизнис, маркетинг, продажба, пронаоѓање и зборување со инвеститори и многу повеќе. Ќе создадеш мрежи и пријателства со други талентирани, млади луѓе како тебе.

Но најмногу од се – ќе биде многу забавно, интересно и корисно!

Услови кои што треба да ги исполнувате доколку сакате да учествувате на кампот се:
1) да сте на возраст помеѓу 18-29 години;
2) да живеете во некоја од 10-те општини кои го сочинуваат Југоисточен плански регион.

Селекцијата на најдобрите 15 кандидати ќе биде според квалитетот на вашиот одговор за идејата која ја имате, областа во која сакате да работите, и проблемот кој сакате да го решите.

Рокот за пријавување е до 20-ти февруари, 2017. За повеќе информации можете да ги контактирате следните контакти:
Knowledge Center: Јулија- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 078 30 15 40
Центар за развој на Југоисточниот плански регион:
Ивана - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 071 221 132

Дали си нашиот победник?

Аплицирај овде : http://www.i-lab.mk/index.php/mk/proekti/247-kamp-za-mladi-inovatori-i-pretpriemachi