DSC 0738-minНа 23ти март 2017 година во Дом на АРМ во Струмица се одржа инфо сесија за четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за инструментите: Kофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.


DSC 0738-minНа 23ти март 2017 година во Дом на АРМ во Струмица се одржа инфо сесија за четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за инструментите: Kофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Присутните претставници од бизнис секторот, образовните институции и младите претприемачи имаа можност да слушнат за правилата и процедурите за финансирање на двата инструменти, подготовка на предлог проекти, информации за софтвер и презентација на апликацискиот пакет и друго.
За првиот инструмент "Kофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин оф", средства можат да добијат мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 евра.
Предлог проектите за вториот инструмент "Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации" може да бидат поднесени од поединечен апликант (микро, мало или средно претпријатие) или од конзорциум воден од микро, мало или средно претпријатие. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 евра.
Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува сите заинтересирани од Југоисточниот регион да се пријават на повикот кој трае од 03.02.2017- 03.05.2017 година.
DSC 0747-minИнфо сесијата беше организирана од страна на Бизнис Центарот за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа.