Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а. Жулиета Ѓуркова и Министерот за локална самоуправа Д-р. Ширет Елези на 25.05.2017 година го потпишаа Договорот за финансиска подршка на Бизнис Центарот во рамки на проектот „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор".
Министерството за локална самоуправа обезбеди 400.000,00 денари за реализација на проектните активности кои се дел од Договорот и имаат за цел потикнување на развојот на малите и средни бизниси.
Дел од проектните активности ќе бидат финансиски подржани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) со кои Бизнис Центарот во тековната 2017/2018 година ќе реализира една мерка, настани и обуки според Акцискиот план на Регионалната стратегија за иновации на ЈИПР.
Со потпишувањето на овој договор, Бизнис Центарот преку реализирање на активности кои го засегаат бизнис секторот продолжува со постојаната поддршка за мали и средни претпријатија од Југоисточниот плански регион.