Центарот за равој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир" бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини, Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:

  • Кандидатот да биде жител на една од погоре наведените 10 општини на Југоисточниот регион;
  • Живеалиштето на кандидатот да биде во куќа;

Потребни документи за пријавување се:
1. Пријавен лист кој може да го превземете на следниот линк: ПРИЈАВА или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на секоја од општините во Југоисточниот регион.
2. Копија од лична карта/пасош;
3. Копија од имотен лист (за луѓето кои живеат во град). **

Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на десетте општини на Југоисточниот регион најдоцна до 20.08.2017 година.
Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.
За дополнителни информации контактирајте го следното лице:
Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Тел: 071 251 205
Е-мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Лица за контакт за дополнителни информации од секоја од општините се:

Општина Богданци - Јованка Ампова - 078 321 586
Општина Босилово - Стојан Милчев - 071 998 253
Општина Валандово - Катерина Николов - 078 565 659
Општина Василево - Георги Цонев - 076 444 617
Општина Гевгелија - Мите Кречев - 072 227 159
Општина Дојран - Катерина Кадиева - 071 382 863
Општина Конче - Ацо Митев - 075 496 017
Општина Ново Село - Туше Стојанов - 075 356 565
Општина Радовиш - Роберт Донев - 075 309 370
Општина Струмица - Томислав Андреев - 075 395 914
* Во секоја општина бројот на компостери кои се доделуваат се одредува процентуално спрема бројот на жителите во таа општина. Доколку во некоја општина има недоволен број на пријавени лица, компостерите ќе се доделат во некоја од останатите општини од регионот каде бројот на пријавени лица е најголем.

**Имотниот лист не е задолжително да биде оригинал, може да биде копија од веќе постоечки или истиот да се превземе со внесување на податоците од следниот линк: http://www.katastar.gov.mk