На 01.02.2018 година во "Дом на АРМ" во Струмица се одржа инфо сесија за презентирање на проектот „Предизвик за млади истражувачи" кој го спроведуваат Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука.

Проектот „Предизвик за млади истражувачи" беше претставен пред триесетина професори и наставници од средните и основните училишта од Југоисточниот регион.
Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи" започна на 30 ноември и ќе трае до 15 февруари.
Се однесува на проекти од природните и технички науки, а активностите треба да соодветствуваат со наставните програми. Тимовите што ќе работат на истражувачките проекти може да бидат составени од 3 до 7 ученици и најмногу два наставника, а времетраењето на секој истражувачки проект не треба да надминува 6 месеци.
Наградниот фонд за јавниот повик изнесува 1.500.000 денари за награди во две категории: научно истражувачки проекти во основно и средно образование, а буџетот на поединечен проект може да биде до 300.000 денари.
Аплицирајте сега и искористете ја шансата да го презентирате вашето истражувње!
За подетални информации посетете ја веб страната на Фондот за иновации и технолошки развој.