На 13.04.2018 година помеѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа беа потпишани два Договори за финансирање на активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
На 13.04.2018 година помеѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа беа потпишани два Договори за финансирање на активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
Со средства обезбедени во рамките на проектот "Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој", поддржан од швајцарската Влада, во текот на оваа година ќе бидат организирани повеќе активности меѓу кои повеќе форумски сесии во кои ќе бидат вклучени жителите од општините во Југоисточниот плански регион.
Преку инклузивен пристап ќе бидат дефинирани регионалните приоритети, како резултат на што граѓаните кои ќе учествуват на форумски сесии ќе одлучат кој проект во планскиот регион ќе биде финансиран во следната фаза, а за кој веќе се обезбедени средства со поддршка на швајцарската Влада.
Целта е да се подигне свеста за заеднички пристап во решавањето на регионалните прашања, преку вклученост не само на локалните власти туку и на граѓаните.
Проектот е финансиски поддржан од страна на Владата на Швајцарската конфедерација претставувана од федералниот департмент за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија/Швајцарска Агенција за развој и соработка и Владата на Република Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа.