Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 година објави Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка. Повеќе...

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
(во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија)

Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 година објавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку следниве инструменти за поддршка:

1. Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели")
2. Кофинансирани грантови за микро претпријатија
3. Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста
4. Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Апликантот што ќе аплицира за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели") има право паралелно да аплицира и за добивање на комбинирана финансиска поддршка, односно да аплицира и за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса на нововработени млади лица. Во таков случај, комбинираната финансиска поддршка што ќе ја даде Фондот на ист апликант за ист проект не може да го надмине највисокото ограничување што е применливо кај овие два инструменти.

Линк до повикот тука.