Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на ЈИПР на 23.01.2020 година во канцелариите на Центарот организираше работилница за идентификација на иновативни идеи во рамки на Грантова шема за иновативни проекти на Регионалните бизнис центри за 2020 година.

Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – I фаза” овозможена е Грантова шема за иновативни проекти на која Регионалниот Бизнис Центар во рамките на Центарот за развој на ЈИПР ќе аплицира за финансиска поддршка на иновативен проект во вредност од 38.980,00 швајцарски франци.
За време на одржаната работилница беа презентирани правилата и насоките за аплицирање, а потоа се пристапи кон предложување проектни идеи од иновативен карактер коишто ќе имаат значење за регионот.
Врз основа на проектните идеи предложени од страна на општините, академскиот, невладиниот и бизнис секторот, Регионалниот бизнис центар ќе развие најмалку три проектни концепти кои ќе бидат доставени до Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка ќе одобрат еден проект кој ќе биде имплементиран од страна на Центарот за развој на ЈИПР оваа година.