Во рамките на проектот „Акцелератор на знаење на МСП – МЕКА“ имплементиран од страна на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – ФЛОРИТ – Гевгелија и Организација на жени – Штип, беше доделена опрема за извршување на активностите на Регионалниот Бизнис Центар при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

На завршната конференција за проектот, за време на која беше извршено примопредавање на опремата, Регионалниот Бизнис Центар ги презентираше активностите кои досега се реализирани како и услугите и активностите кои секојдневно се извршуваат за поддршка на МСП.

Регионалниот Бизнис Центар учествуваше во имплементацијата на поголем дел од активностите на овој проект кои се однесуваа за организација на обуки, спроведување на анкетни прашалници за идентификување на потребите на МСП како и изработка на документи.

Соработката со Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии продолжува во насока на спроведување на заеднички активности насочени кон зајакнување на капацитетите на малите и средни претпријатија во Југоисточниот регион и создавање на поволно деловно опкружување.