Со оваа програма се уредува намената на средствата за конкурентност, иновации и претприемништво во вкупен износ од 68.800.000,00 за поддршка на претпријатија и занаетчии

 Врз основа на член 36 став (5) од Законот за Владата на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 59/00, 26/01, 13/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и "Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 јануари 2021 година, донесе.

 

ПРOГРАМА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ, ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА 2021 ГОДИНА

 

I Со оваа програма се уредува намената на средствата за конкурентност, иновации и претприемништво во вкупен износ од 68.800.000,00 (описно шеесет и осум милиони и осумстотини илјади) денари и тоа :

- 50.000.000,00 (педесет милиони) денари, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, - Потпрограма ДГПоддршка на развојот на мали и средни претпријатија, ставкa 462, наменети за развој на микро, мали и средни претпријатија ( во понатамошниот текст ММСП ) и занаетчиство;

 

- 13.000.000,00 (тринаесет милиони) денари, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, Потпрограма 11 Индустриска политика, сметка 637, ставкa 462, наменети за имплементација на мерки од Индустриската стратегија на Република Северна Македонија 2018-2027,

 

- 4.800.000,00 (четири милиони и осумстотини илјади) денари, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, Потпрограма 11 Индустриска политика, сметка 637, ставка 464, наменети за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Северна Македонија и

- 1.000.000,00 (еден милион) денари, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, Потпрограма 16 Инвестиции и општествена одговорност, ставка 462 субвенции за приватни претпријатија.

 

Средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година наменети за реализација на оваа програма, ги распоредува Министерството за економија.

 

II Програмата се состои од мерки во следните области:

А. ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЗАНАЕТЧИСТВО

За поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија и занаетчиство и поттикнување на претприемништвото се наменети средства во износ од 50.000.000,00 (педесет милиони) денари за реализација на следните три групи на мерки:

 

МЕРКА 1. Развој и поддршка на претприемништвото, ММП и занаетчиството

1.1. Финансиска поддршка за микро и мали претпријатија во вкупен износ од 30.700.000,00 денари.

Предмет на мерката е субвенционирање на микро и мали претпријатија, кои вработуваат над две лица преку субвенционирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 400.000,00 денари вкупно по апликант, направени за набавка на машини и алати и набавка и инсталација на фотоволтаични панели затворен систем.

1.2. Финансиска поддршка за женско претприемништво во вкупен износ од 4.000.000,00 денари.

Предмет на мерката е субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 80% од докажаните трошоци но не повеќе од 150.000,00 денари, направени за следните намени:

- Набавка на опрема и алати; - Уредување/подобрување на деловниот простор;

- Воведување на софтверски решенија (50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000,00 денари).

1.3. Финансиска поддршка за подобрување на вредносните синџири во вкупен износ од 2.000.000,00 денари. Предмет на мерката е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за инвестиција во опрема и алати наменета за нивните локални добавувачи со кои ќе им се подобри продуктивноста и тоа преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари поединечно за секој апликант.

1.4. Субвенционирање на трошоци на занаетчии во вкупен износ од 6.000.000,00 денари. Предмет на мерката е субвенционирање на занаетчии преку кофинансирање 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000,00 денари, направени за следните намени.

- Набавка на опрема и алати,

- Уредување/подобрување на деловниот простор

 

МЕРКА 2. Развој и поддршка на интернационализацијата на ММСП

2.1. Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди во вкупен износ од 2.000.000,00 денари. Предмет на мерката е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди и тоа 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари поединечно за секој апликант. Предмет на субвенционирање се сите ISO стандарди освен оние кои се предмет на субвенционирање во делот Б -Имплементација на индустриската политика, од оваа програма.

2.2. Финансиска поддршка за сертифицирање на ХАЛАЛ систем во вкупен износ од 2.000.000,00 денари. Предмет на мерката е финансиска поддршка за сертифицирање на ХАЛАЛ систем, и тоа 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари поединечно за секој апликант.

 

МЕРКА 3. Поддршка за стручно оспособување на вработените во ММСП

3.1. Кофинансирање на дел од трошоците на претпријатија за купување на опрема, инструменти, алат кои ќе послужат и ќе се користат исклучиво за обука, настава на лица за стекнување на вештини и квалификации во вкупен износ од 3.000.000,00 денари. Предмет на мерката е кофинансирање на дел од трошоците на приватни претпријатија акредититирани од страна на Центарот за едукација на возрасни за организирање на обуки и настава за дел од трошоците за купување на опрема, инструменти, алaт кои ќе послужат и ќе се користат исклучиво за обука, настава на лица за стекнување на вештини и квалификации и тоа 60% од докажаните средства но не повеќе од 500.000,00 денари поединечно по апликант.

3.2. Кофинансирање на трошоци на вработени во ММСП и на занаетчии за учество на обуки во вкупен износ од 300.000,00 денари. Предмет на мерката е кофинансирање на дел од трошоците за едукација на вработените лица во ММСП и на занаетчии за учество на обуки организирани од верифицирани установи и институции акредититирани од страна на Центарот за едукација на возрасни. Обуките треба да придонесат за подобрување на стручноста на вработените, за професионална надградба и за развој на претпријатието и на занаетчиите. Со оваа мерка ќе се кофинансираат трошоци во висина од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 10.000,00 денари по апликант.

Постапката и критериумите за доделувањето на средства од мерките 1, 2, и 3 од оваа област ќе биде дефинирана во јавни повици кои ќе бидат објавени на веб -страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk  и порталот www.konkurentnost.mk.

При спроведување на мерките 1.1, 1.3, 1.4, 2.1, 2.2, 3.1. и 3.2. од оваа програма, при доделувањето на средствата ќе биде применет стимулативен критериум доколку апликант е деловен субјект во сопственост и управуван од жена.

Б. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНДУСТРИСКАТА ПОЛИТИКА

За мерките од областа Б. Имплементација на индустриската политика се наменети средства во вкупен износ од 13.000.000,00 денари и тоа за:

 

МЕРКА 1. Поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија во вкупен износ од 6.000.000,00 денари преку следните мерки:

1.1. Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар во вкупен износ од 6.000.000,00 денари. Предмет на мерката е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти и тоа во износ од 50 % од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средствата за следните активности:

1.1.1. Изработка на техничка документација за нов производ односно за подобрување на постојниот производ и/или изработка на индустриски дизајн /редизајн на производ;

1.1.2. Набавка, имплементација, сертификација и обука за стандарди во областа на: хоризонтални стандарди (MKC EN ISO 50001; MKC EN; ISO 9001; ISO 14001; ISO 22000; MKC EN ISO 45001; MKC EN ISO 31000); хармонизирани и други стандарди и стандардизациски документи од областа на преработувачката индустрија;

1.1.3. Развивање и имплементација на проекти за дигитална трансформација на претпријатијата од преработувачка индустрија: набавка на дигитални решенија за поддршка на бизнисот и производството (пр. набавка на систем за Enterprise Resource Planning (ERP), Customer Relationship Management (CRM), систем за компјутерска безбедност, дигитализација во производството и сл.), веб портал, дигитален маркетинг, развој на дигитална култура и стекнување напредни дигитални вештини.

1.1.4. Експертска анализа и изработка на техничкапроектна документација или студија за техничка изводливост за: планирани инвестициони проекти, подготовка на претпријатието за зголемување на енергетска ефикасност, воведување на концепт на циркуларна економија и зелена економија.

1.1.5. Изработка на проектна документација за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Финансиската поддршка е наменета за деловните субјекти од секторот Преработувачка индустрија, согласно Националната класификација на дејностите НКД рев. 2.

 

МЕРКА 2: Кофинансирање на дел од трошоците за соработка на проекти меѓу компаниите од преработувачката индустрија и академските и научно-истражувачките установи, кои се однесуваат на реализација на проекти и воспоставување на партнерства за соработка за паметна специјализација, дигитална трансформација и зазеленување на преработувачката индустријаво во вкупен износ од 3.000.000,00 денари. Предмет на мерката е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти и тоа во износ од 50 % од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средствата.

 

МЕРКА 3: Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за акредитирање на лаборатории, проширување на опсегот на акредитација на постоечките лаборатории за испитување на градежните производи за пуштање на пазарот квалитетни и безбедни градежни материјали или набавка на потребна опрема за лаборатории во вкупен износ од 4.000.000,00 денари. Предмет на мерката е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти и тоа во износ од 50 % од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 250.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средствата.

Постапката и критериумите за доделување на средства од мерките 1, 2, и 3, од оваа област ќе се изврши преку објавување на јавни повици на веб - страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk  и www.konkurentnost.mk . Трошоците наменети за реализација на овие мерки, ќе им бидат исплатени на барателите во зависност од расположливите средства од Буџетот, по редоследот на нивното пријавување во архивата на Министерството за економија.

В. ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА КЛАСТЕРСКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ

За мерките од областа В. Поддршка и развој на кластерското здружување се наменети средства во вкупен износ од 4.800.000,00 денари и тоа за:

 

МЕРКА 1. Поддршка на проекти од кластерските здруженија "Кластери за иновативни и меѓународно ориентирани бизниси", во вкупен износ од 4.800.000,00 денари кои ги вклучуваат активностите поврзани со:

- проекти на кластерите за прилагодување кон новите пазарни предизвици преку поддршка на иновации и конкурентност на секторот

- набавка на специфична опрема или технолошки решенија кои ќе се користат од членките на кластерите,

- соработка на кластерите со универзитетите и/или соработка меѓу кластерите,

- развој на бренд стратегија и развој на брендирани производи во рамките на кластерот (географско потекло),

- изработка или реализација на заеднички проекти за создавање на синџири на вредност во секторот, зголемена соработка и сл.

- развој на капцитетите на членките на кластерите и нивните членки преку ангажирање консултанти, организирање на специјализирани обуки, работилници, семинари за поттикнување и размена на знаење и

- трговски и извозно промотивни активности за кластерите (организација и учество на бизнис настани саеми, Б2Б средби, трговски и медиумски мисии итн.).

Постапката и критериумите за доделување на средства од мерка 1 од оваа област ќе се изврши преку објавување на јавен повик на веб - страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk  и www.konkurentnost.mk . Кластерските здруженија може да поднесат само по едно барање со наведените активности од мерка 1 од оваа област. За активностите од мерка 1 од оваа област, делот на трошоците за оваа намена се надоместуваат согласно оваа програма во висина од 60% од проект, но не повеќе од 250.000,00 денари поединечно за секој барател по апликација. Трошоците наменети за реализација на мерката 1 од оваа област, ќе им бидат исплатени на кластерските здруженија во зависност од расположивите средства од Буџетот на Република Северна Македонија. 

 

Г. ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

 

МЕРКА 1. Поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во вкупен износ од 1.000.000,00 денари преку:

1.1. Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за воведување и сертификација на систем за општествена одговорност на претпријатието, согласно стандардот SA 8000 / извештајот: -BSCI/SMETA/FAIRWARE, кои обезбедуваат етичко управување при производство на стоки и услуги и бараат да се гарантираат основните права на работниците, во вкупен износ од 720.000,00 денари. За активностите на оваа мерка, дел од трошоците се надоместуваат согласно оваа програма, во висина од 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 120.000,00 денари поединечно за секој барател на средствата.

1.2. Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за воведување и сертификација на систем за одговорни односи на пазарот, согласно сертификатот "Фер со потрошувачот", кој обезбедува систем за електронско управување со поплаки од потрошувачи и купувачи и спогодбено решавање на проблеми и спорови, во вкупен износ од 280.000,00 денари. За активностите на оваа мерка, дел од трошоците се надоместуваат согласно оваа програма, во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 30.000,00 денари поединечно за секој барател на средствата.

 

III При распределбата на средствата од Програмата, ќе се имаат предвид критериумите од Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеноста за период од 2018-2023 година ("Службен весник на Република Македонија" бр. 234 /18). Критериумите од Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеноста за период од 2018-2023 година ("Службен весник на Република Македонија" бр. 234 /18) ќе бидат земени во предвид при објавување на јавните повици во оние мерки од Програмата каде што тоа е применливо. Во јавните повици ќе бидат утврдени квотите за број на претпријатија кои ќе се субвенционираат по плански региони и тоа согласно принципот "прв дојден прв услужен".

IV За начинот и динамиката на реализирање на оваа програма ќе се грижи Министерството за економија.