ФИТР објавува нов јавен повик со важни новитети: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф – СТАРТАПУВАЈ 3.
Старт-ап и спин-оф компаниите, своите иновативни идеи сега може да ги реализираат преку олеснет пристап до финансиски средства и подобрени услови за финансирање. Преку овој повик Фондот ќе обезбеди неповратни средства до:
- 40.000 евра (90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење, односно
- 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење.
За прв пат, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу 5 членови - физички лица. Во овој случај, доколку нивниот проект биде избран за финансирање, тие ќе имаат обврска во рок од 30 дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да регистрираат старт-ап во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот.
Сите заинтересирани може да аплицираат се до 12-ти јуни 2021 година, до 14.00 часот.
За начинот на аплицирање и други подетални информации на следниот линк: https://fitr.mk/startapuvaj3/