На 20.05.2021 година со почеток од 11.00 часот Бизнис Центарот при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Фонд за иновации и технолошки развој за компаниите од Југоисточниот и Источниот регион одржаа онлајн презентација наменета за презентирање на условите за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.
За време на презентацијата беа разјаснети условите и начинот за аплицирање, целта на поддршката на овој повик, какви трошоци можат да се финансираат, одговорната комисија која ги прегледува и оценува проектите, времетраењето на проектот и слично.
Голем беше интересот на компаниите од Југоисточниот и Источниот плански регион за информирање за овој инструмент за поддршка. Над 70 компании беа онлајн приклучени кои по извршената презентација за условите за аплицирање поставуваа прашања кои беа директно одговорени од страна на претставниците на Фондот за иновации и технолошки развој.
Компаниите можат да аплицираат на овој јавен повик електронски заклучно до 12.06.2021 година.
Целата документација заедно со правила за пријавување се достапни на следниот линк: https://fitr.mk/startapuvaj3/.