Од 21-24 октомври, 2021 година дел од тимот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, предводен од Директорката Г-а Жулиета Ѓуркова присуствуваа на седмиот Регионален Самит за Претприемништво за доделување на наградата „Stvaratelji za stoljeca“ кој се одржа во Дубровник, Р.Хрватска.
На оваа манифестација на Г-а Ѓуркова, како Директорка на ЦРЈИПР и беше врачена една од најпрестижните награди и признанија во Југоисточна Европа, на која беа доделени награди на најзаслужни личности, организации и инстистуции чија посветена работа придонесува за развој на претприемништвото и економијата во Средна и Југоисточна Европа.
Наградата „Stvaratelji za Stoljeca“ е еден вид претприемнички Оскар и се доделува само на големите визионери и лидери на утрешнината чија бестрашност, работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата.
Признанието е потврда за уникатноста на стратегијата и способноста на Центарот да креира долгорочен и здрав раст, фокусиран на безрезервна поддршка на бизнис заедницата. Во тоа светло Центарот го гради своето реноме: секогаш отворени за соработка, иновативни и уникатни. Како во изминативе 13 години, така и во иднина фокусот на нашиот тим ќе биде насочен кон спроведување на активности и проeкти за подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани. Оваа награда е само потврда дека сме на вистинскиот пат. – истакна Г-а Ѓуркова на самитот “300 Најдобри”.
Целта на оваа награда е јавно да им се даде признание на најдобрите со цел да ги препознае пошироката јавност, кои во овие динамични времиња со оригинални решенија и креативност го унапредуваат животот во зедницата и претприемаштвото.
Со добивањето на оваа престижна награда и признание за придонес во развојот на претприемаштвото и економијата, Директорката на Центарот за развој на ЈИПР, Г-а Жулиета Ѓуркова е назначена и за член на Меѓународниот комитет за доделување на награди.
Оваа награда им припаѓа на сите кои веруваат во внатрешните капацитети на Центарот, кои со голема доверба и лојалност ни ги доверуваа сите проекти кои ние ги реализиравме во текот на овие 13 години. Голема е одговорноста која ни е дадена и со сета наша волја, сила и желба да го подобриме животот на сите околу нас продолжуваме во остварување на оваа голема визија.