ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ

Индустриска зона е дел од територијата на Република Македонија во сопственост на Република Македонија, посебно ограден и означен простор што претставува функциoнална целина во која се вршат дејности под услови пропишани со Законот за Индустриски зони и други закони. Основач на индустриска зона може да биде единица на локалната самоуправa или Владата на Република Македонија. Оператор на зоната може да биде јавно претпријатие или трговско друштво основано од единицата на локалната самоуправа кога основач на зона е единицата на локалната самоуправа, или Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кога основач на зоната е Владата на Република Македонија. Сопственик на дел од зоната може да биде секое физичко лице кое е регистрирано како трговец поединец согласно со Законот за трговските друштва и/или правно лице регистрирано како трговско друштво согласно со Законот за трговските друштва, кое е сопственик на дел од земјиштето, кое врши дејност во зоната и кое склучило договор за вршење дејност со основачот на зоната и му е издадено решение за започнување со работа.

Во Југоисточен плански регион идентификувани се повеќе индустриски зони кои се наоѓаат во следните општини: