ЗОНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
На територијата на Југоисточен плански регион идентификувани се следните типови на зони:
- ТЕХННОЛОШКО ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ
- ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ
- ТУРИСТИЧКИ ЗОНИ
Повеќе информации за зоните:
ТЕХННОЛОШКО ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ
Технолошките индустриски развојни зони се дел од територијата на Република Македонија како дел од царинско подрачје, одвоени од останатиот дел од царинското подрачје, и тие претставуваат посебно ограден и означен простор што претставува функционални целини во кои се вршат дејности под услови пропишани со ЗАКОНОТ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ и други закони и во кои важат царинските и даночните погодности утврдени со ЗАКОНОТ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ и друг закон. Технолошките индустриски развојни зона се формираат заради развој на високо пропулзивни и современи технологии со воведување на економски профитабилно производство и ефикасна употреба на ресурсите со примена на највисоки еколошки стандарди. Технолошките индустриски развојни зони се слободни зони од аспект на царинскиот и даночните закони.
На територијата на ЈУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН изградени се ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ на следите локации:
ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ
Индустриска зона е дел од територијата на Република Македонија во сопственост на Република Македонија, посебно ограден и означен простор што претставува функциoнална целина во која се вршат дејности под услови пропишани со Законот за Индустриски зони и други закони. Основач на индустриска зона може да биде единица на локалната самоуправa или Владата на Република Македонија. Оператор на зоната може да биде јавно претпријатие или трговско друштво основано од единицата на локалната самоуправа кога основач на зона е единицата на локалната самоуправа, или Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кога основач на зоната е Владата на Република Македонија. Сопственик на дел од зоната може да биде секое физичко лице кое е регистрирано како трговец поединец согласно со Законот за трговските друштва и/или правно лице регистрирано како трговско друштво согласно со Законот за трговските друштва, кое е сопственик на дел од земјиштето, кое врши дејност во зоната и кое склучило договор за вршење дејност со основачот на зоната и му е издадено решение за започнување со работа.
Во Југоисточен плански регион идентификувани се повеќе индустриски зони кои се наоѓаат во следните општини:
ТУРИСТИЧКИ ЗОНИ
Туристичка развојна зона е посебно ограден и означен простор што претставува функционална целина формиран заради развој на туризмот со воведување стандарди во делот на услугите, како и за и ефикасна употреба на ресурсите со примена на највисоки еколошки стандарди во која се вршат дејности под услови пропишани со Законот за туристички зони како и со друг закон. Зоната се основа на подрачје за кое е донесена урбанистичко-планска документација за туристичко развојни зони како и друга соодветна урбанистичко планска документација предвидена согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање. Зона може да се основа доколку земјиштето е во целосна сопсвеност на Република Македонија. По изготвување на урбанистичко-планската документација, Владата на Република Македонија на предлог на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија донесува одлука за основање на туристичка развојна зона во кој се утврдува опфатот и просторот за кој се основа зоната и во кој градежното земјиште ќе се отуѓува согласно со одредбите од Законот за туристички зони. Корисник на туристичка развојна зона може да биде секое домашно или странско физичко или правно лице, кое склучило договор за отуѓување на градежно земјиште во рамките на туристичката развојна зона со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
На територијата на Југоисточен плански регион има туристички развојни зона на следните локации: