Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП, го имплементира проектот "Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво" кој ќе придонесе до создавање на услови за зголемување и унапредување на услугите што граѓаните ќе може да ги добијат по електронски пат, како и унапредување на концептот за добивање на услугите на едно место преку развивање функционални центри за услуги во сите општини.

Во рамките на проектот се врши мапирање на потенцијалите за развој на рурален туризам во Југоисточниот плански регион, а за таа цел беше одржана работилница на 26.10.2017 година (четврток) во хотел "Сириус", Струмица со почеток од 11:00 часот.
За време на работилницата беше претставен концептот и целите на проектот "Регистар на потенцијали за рурален туризам", беа презентирани и дискутирани резултатите од прибраните податоци од квантитативното истражување на експертите, а потоа заеднички се изврши одредување на фактори и атрактори, како и собирање предлози кои ќе помогнат во изработката на Регистарот за мапирање на потенцијалите за развој на туризмот.
Присутните на оваа работилница, претставници од општините од Југоисточниот регион, невладини организации, туристички агенции, угостителски работници и други засегнати страни активно учествуваа во пополнувањето на матрицата за локалната понуда за рурален туризам.