За време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на општина Дојран, на ден 05.11.2019 година, Градоначалникот на општина Дојран Г-н Анго Ангов додели Благодарница за придонес и помагање во развојот на економскиот локален развој на Раководителот на Центарот за развој за Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова.

На свеченото доделување, Г-а Ѓуркова го честиташе празникот на сите дојранчани и истакна дека почетоците на Центарот беа значајни токму за општина Дојран со спроведувањето на еден од првите проекти на Центарот „Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско езеро - Стар Дојран“ .
Имено во 2015 година проектот „Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско езеро - Стар Дојран“ доби прва награда за Најиновативен регионален проект 2009/2014 во целата држава од страна на Министерството за локална самоуправа, Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската Агенција за соработка и развој.
На крај Г-а Ѓуркова истакна дека досега Центарот има имплементирано голем број на проекти за развој на туризмот во Дојран, соработката со општината ќе продолжи со цел да се спроведуваат и планираат идни проекти кои ќе придонесат Дојран да биде посакувана дестинација од страна на сите домашни и странски туристи.